Голема акција на Европол: Запленети 18.000 културни предмети и уапсени 59 лица

Царинските служби и другите органи за спроведување на законот од 29 држави, координирани од Шпанската цивилна гарда и со поддршка од Европол, Интерпол и Светската царинска организација (ВЦО) за време на операцијата Пандора Три запленија 18.000 културни предмети и уапсија 59 лица.
– Меѓу запленетите работи има археолошки предмети, мебел, монети, слики, музички инструменти и скулптури. Исто така има и детектори за метал, соопшти денеска Европол.
Поголемиот број запленети предмети потекнуваат од европските држави, но 30 се од Колумбија, Египет, Ирак и Мароко.
– Борбата против незаконската трговија со културни добра на интернет е клучен предизвик. Криминалните групи ја користат предноста на дигиталните платформи како што се веб страници, социјални медиуми и апликации за размена на пораки за продажба на културни артефакти со незаконско потекло, се наведува во соопштението на Европол.
Во рамките на операцијата Пандора Три холандската полиција организира кибер патроли, во кои учествуваа експерти од 21 земја, од Европол, од Интерпол и од ВЦО. На мета биле вкупно 169 сомнителни интернет-страници, што резултира со заплена на 682 предмети.
Од 22 до 30 октомври 2018 година биле извршени инспекции во аукциските куќи, уметнички галерии, музеи и приватни куќи, што резултирало со апсење на 49 лица и изрекување на 67 административни санкции.
Германската царина запленила древен кристален цилиндричен печат од Месопотамија, но истрагата за тој предмет е во тек.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
