Балкан
1. February 2018 - 9:32

Голем скандал во Србија: Малолетници на Инстаграм се фалат со користење и трговија на дрога во училниците

За само 8 дена, Инстаграм профилот "Дрога Србија", судејќи според најстарата објавена фотографија, собрала речиси 1.500 фанови.

На профилот на "drogasrbija" корисниците анонимно објавуваат фотографии од наркотици кои ги уживаат, но евидентно и ги "дилаат". Најчесто станува збор за марихуана, но на фотографиите може да се видат и трипови, табли, спид и кокаин, но и хероин. Но, тоа што е уште пошокантно, судејќи по фотографиите, многу од "јунаците" на фотографиите се малолетни. 

На фотографиите се гледа како "ролаат" на сред училница, палат џоинт покрај полициско возило, а на некои се фалат со поголеми количини на дрога и големи износи на динари и евра.

Како што пишува српски "Blic", родителите се веќе алармирани на социјалните мрежи, многумина се лути што трендот "Богати деца од Инстаграм" отишол многу понапред, од дрскост до евидентно кршење на законот, и што е уште полошо, злоупотреба на наркотици, што е смртоносно, со оглед на тоа дека на некои фотографии се гледаат и игли и хероин.

"Дрогата за уживање ја подготвуваат во школските клупи за време на часовите, за време на кратките одмори, во тоалетите на училиштата, на улица, во станови. Родители, дали се прашувате што ви прават децата додека се во училиште. Дојдовме до стадиум кога повеќе овие деца немаат почит кон никој, па дури ни кон полицијата! Пријатели, вие кои се грижите за вашите деца, одете на овој профил на Инстаграм и проверете да не е вашето дете меѓу овие наркомани. Толку за правата на детето. Децата некогаш ги праќавме во училиште да учат, денес ги праќаме за да се дрогираат", напишал еден корисник на Фејсбук.

Откако веста за за страната се проширила во медиумите, профилот бил деактивиран вчера вечер.