Балкан
28. August 2017 - 8:37

Голем шумски пожар во Пријепоље

Голем пожар ја зафати боровата шума во близина на општата болница во Пријепоље. 

- Пожарот ја зафати шумата во населбата Миљеновица, а огнот изби од муслиманските гробишта Косовац. Потоа продолжи да се шири кон населбата Расно. Пожарникарите со помош на локалните жители се обидуваат да ја згаснат огненанта стихија, наведе локалниот жител Милјан Гулубовиќ. 

Пожарот експерсно ја зафати боровата шума, а со огромна брзина се шири кон куќите што се наоѓаат во близина на шумата.