Македонија
12. July 2017 - 21:19

Голем шумски пожар избувна на планината Еленица

Голем шумски пожар попладнето избувна на планината Еленица помеѓу селата Баница и Водоча. Од огнот зафатена  е поголема површина од нискостелеста шума,  но нема конкретни информации за колкава површина се работи. 

Поради близината на огнот во опасност се и првите куќи од селото Баница, но засега состојбата се држи под контрола иако локализирањето на огнот оди отежнато поради слабиот ветер кој дува и постојано го менува правецот на движење. Од општинскиот кризен штаб во Струмица информираа дека се преземаат сите мерки за заштита на имотот на месното аселение, направен е обрач кон селата Баница и Водоча со цел да се спречи ширењето на пламените јазици кон овие две села и се прави се огнот кој се шири и кон браната Водоча што побрзо да биде локализиран и изгаснат.

На терен интервенираат екипи на противожарната единица од Струмица со четири возила и едно на противпожарната од Ново Село, плус две возила на Комуналец кои вршат дотур на вода. Во гаснењето се вклучени и екипи на шумското претпријатие Беласица.

За моменталната состојба покрај регионалнит штаб  за зашта и спасување информиран е и републичкиот штаб со цел доколку биде потребно да се интервенира и авионски.