Македонија
11. May 2018 - 16:30

Голем пожар во скопски Макстил - гореле отпадно железо и пластика

Околу 500 кубни метри отпадно железо подготвено за рециклирање синоќа се запалилило во фабриката “Макстил” во Скопје. Први огнот почнале да го гаснат службите на “Железарница”, но поради силината на огнената стихија напомош била повикана и Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарот избувнал во отпадот каде железото било помешано со пластика и друг вид на отпадни материјали, кои дополнително придонеле жителите на Гази Баба да почуствуваат непријатна миризба и проблеми со органите за дишење.

Од “Макстил”  велат дека проиводствениот погон Чаличарница, каде што избувна пожарот, не работи од 29 април.

Откако пожарот целосно ќе биде изгаснат, ќе се утврдуваат и причините за неговото настанување.