Свет
21. May 2017 - 17:21

Голем пожар во складиште за чевли близу Москва

Голем пожар избувна денеска во складиште за гумени чевли во местото Литкарино во близина на рускиот главен град Москва.

Руската полиција соопшти дека пожарот од складиштето се проширил и на околните објекти и уништил површина од 2.400 метри квадратни.

Во гаснењето на пожарот, кое траело околу девет часа, биле вклучени околу 100 пожарникари, 28 противпожарни возила и техника, како и хеликотер од типот Ми-8, кој дури 11 пати исфрлил големп количество вода над огнот.

Како што јави ТАСС, пожарот е проглсен за огненна стихија од втора категорија.

Нема информации за загинати или повредени лица.