Голем пожар во Крива Паланка

Во текот на раните утрински часови вчера се запали градската депонија во Крива Паланка, која е во надежност на Јавното претпријатие Комуналец.
Директорот на претпријатието Томе Тодоровски изјави дека според нивните сознанија пожарот бил подметнат.
-Нашите вработени со дежурни екипи се ангажирани на депонијата до полноќ, а така беше и во петокот вечер. Таа вечер не собирале смет, така што на депонијата немаше активности. Како што дознавме од наши извори, депонијата била запалена околу 1 часот на 20 мај а дојава, телефонска, лично кај мене од страна на граѓанин имаше дури во осим изутрина. Пријавивме во полиција и не знам зошто нивни служби не реагирале. Наши екипи и екипи на противпожарната единица од градот го гаснеа пожарот, кој бидејќи е депонија е сам по себе ризик од загадување на градот поради големото присуство гасови, рече Тодоровски.
Посочи дека пожарот брзо бил локализиран, веднаш на депонијата се уппатила цистерна за гасење од Комуналец која интервенирала навреме.
-Нема простор за загриженост кај граѓаните, пожарот според обемот не предизвика загадување. Екипи на Комуналец постојано се на терен и денес и посипуваат земја на местата каде горело, рече Тодоровски.
Командирот на ТППЕ Крива Паланка информира дека во интервенцијата се вклучиле со две возила и дополнително, пумпа за вода.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
