-->
-->
Голем пожар во електрана во Москва, има повредени
-->
Меѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар кој изби денеска во гасна електрана во регионот на Москва, соопшти руското Министерство за енергетика.
Извори од Медицинскиот центар за итни случаи велат дека се повредени седум лица, а нивните изгореници се од прв или втор степен.
На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа оган кој високо се крева кон небото.
На местото на инцидентот се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици пожарникарски возила, хеликоптери и возови – изјави Зана Терехова, портпарол на итните служби.
Таа додава дека не постои опасност пожарот да се прошири во населените подрачја, а пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат огнот за еден час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости