-->
-->
Голем пожар во електрана во Москва, има повредени
-->
Меѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар кој изби денеска во гасна електрана во регионот на Москва, соопшти руското Министерство за енергетика.Извори од Медицинскиот центар за итни случаи велат дека се повредени седум лица, а нивните изгореници се од прв или втор степен.
На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа оган кој високо се крева кон небото.
На местото на инцидентот се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици пожарникарски возила, хеликоптери и возови – изјави Зана Терехова, портпарол на итните служби.
Таа додава дека не постои опасност пожарот да се прошири во населените подрачја, а пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат огнот за еден час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
