Голем подвиг на малиот планинар: Ване (9) од Неготино го освои Олимп
Деветгодишниот планинар Ване Бошев од Неготино, изминативе два дена успеа да се качи на највисоката планина Олимп во Република Грција и да ги освои врвовите Митикас и Скала.
Неговиот татко Орданчо Бошев, долгогодишен планинар, денеска информираше дека искачувањето помина при мошне убави временски услови. Тој нагласи дека Митикас со 2.918 метри е највисок врв на Олимп и втор по височина на Балканот.
- Акцијата се реализираше два дена. Искачувањето и спуштањето траеше вкупно околу дваесет часа. Експедицијата броеше околу педесет планинари, од планинарските друштва „Балкан“ од Белград, „Макпетрол“ од Скопје и „Неготино МКД“. Имаше четири професионални водичи, појасни таткото.
Младиот Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство. Како млад и надежен планинар, има освоено и бројни признанија. Во ноември ќе полни десет години.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење