-->
-->
Голем подвиг на двајца планинари од Гевгелија
-->

Двајца членови на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија, Ристо Каркалашев и Петранка Никова го освоија врвот Дамаванд во Иран, висок 5.671 метар.
Како што информира планинарското друштвото, Каркалашев и Никова со уште 14 планинари од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, кои ја сочинувале мешовитата балканска експедиција успеале да го совладаат врвот во Иран со што постигнале голем успех за гевгелиското и македонското планинарство.
Планинарското друштво од Гевгелија во составот на мешовитата експедиција имаше тројца членови, од кои Љубица Карајкова не успеала да се искачи на врвот. Поради изнемоштеност, таа со уште неколку членови од експедицијата останала во базниот логор на виочина од 5.100 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
