Македонија
29. August 2018 - 14:53

Голем интерес за вработување во штипската Клиничка болница

 Над 130 кандидати до денеска се пријавиле на огласот за вработување лекари и медицински персонал во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека бројот на пријавените не е конечен, бидејќи се очекува апликации да пристигнуваат и по пошта и тоа најдоцна до петок.

-   Откако огласот ќе заврши кандидатите ќе одат на тестирање, по што ќе се направи и соодветна ранг листа, вели Ѓеорѓијев.

На 23 август штипската Клинилчка болница распиша оглас за нови 51 вработување, а ќе трае до утре. Од нив 12 се доктори по општа медицина, дваесетина се медицински сестри, но е предвидено вработување на психолог, социјален работник, физиотерапевти, како и технички кадар. Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица