Македонија
8. December 2023 - 12:22

Голем интерес за вакцинација во Струмица и Валандово

Во струмичко валандовскиот регион и оваа сезона голем интересот за вакцинација  против сезонскиот грип. на двата пункта за имунизација од кои едниот е во Струмица , а другиот во Валандово до сега вакцина примиле над 3300 граѓани.

Од центарот за јавно здравје во Струмица велат дека веќе неколку години по ред бележат континуирано зголемување на бројот на граѓани кои сакаат да се вакцинираат. Интерес има и за бесплатните, но и за комерцијалните вакцини. Кога е возраста во прашање, вообичаено најбројни се повозрасните граѓани.

Од центарот за јавно здравје во Струмица велат дека имаат доволно вакцини и ќе одговорат на потребите на сите граѓани што ќе пројават интерес. За сега нема конкретни информации до кога ќе трае имунизацијата, но според процените и искуствата од претходните години таа би требало да заврши до крајот на декември.