Голем интерес за вакцинација во парковите во Софија
Голем интерес пројавиле граѓаните за вакцинација на отворено, на пунктовите поставени во неколку паркови во бугарскиот главен град Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, десетици луѓе вчера ја примија својата прва доза, а трите подвижни вакцинални пунктови се наоѓаат во Борисова градина, Јужниот Парк и на бул. Преродба.
Во Борисовата градина денеска, исто како и вчера, редицата беше најдолга. Оние кои сакаат да се вакцинираат, чекаат и по два-три часа. Организацијата останува иста – една екипа ги опслужува сите три пункта во Софија.
Истовремено, зелените коридори во големите софиски болници продолжуваат да работат и во сабота и во недела.
На пунктовите во Софија на располагање се три вакцини, а најмногу се бара на Фајзер, додека на Џонсон и Џонсон се претпочита бидејќи се прима само во една доза и бугарските граѓани можат веднаш да добијат сертификат за вакцинација.
Ново на Сител
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
