-->
-->
Голем интерес за турнирот „Шах без граници“
-->
Повеќе од 150 шахисти од десет земји досега се имаат пријавено за настап на првиот меѓународен шаховски турнир со мото „Шах Без Граници” кој се организира во сеќавање на македонскиот шаховски доајен Тодор Митров – Тиката.
Турнирот ќе се игра в недела (8 ноември) со почеток од 10 часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје.
Овој шаховски ден и настан е подржан од Македонскиот Олимписки Комитет, како и од Шаховската федерација на Македонија, а е во техничка организација на Шаховски сојуз на Град Скопје. Покровител е семејството на Тодор Митров Тиката. Настанот е со тенденција да стане традиционален турнир.
Меѓународниот карактер како и главното мото “Шах Без Граници” на овој настан има за цел да ја промовира Македонија преку спортот, а исто така е во насока на промовирање на шахот и спортот во Македонија.
- Покрај промоцијата на нашата земја, сакаме да ја инспирираме младата генерација да го развива интелектот и креативноста преку шахот и спортот воопшто. Младите се иднината на секоја земја, така и ние заедно да се заложиме и придонесеме за нашата идна и здрава Македонија, велат од организациониот одбор.
Наградниот фонд на турнирот е 300.000 денари. Парични награди ќе добијат најдобрите 14 шахисти, а специјални награди исто така во паричен износ се обезбедени и за шахисти во неколку помлади категории и со понизок рејтинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор
-
Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели