Голем интерес кај струмичките земјоделци за парите од ИПАРД 2 програмата
Ипард 2 програмата предизвика голем интерес кај земјоделците од југоистокот на државата . На последниот повик кој заврши неодамна бројот на апликациите кои пристигнале е зголемен за околу 30% за разлика од пред две години. Од регионалниот центар на АПРЗ во Струмица информираат дека овој пат земјоделците најмногу биле заинтересирани за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на нова механизација.
-Доста се појави интерес и околу набавката на современа опрема за подготовка на почвите како и аплицирање по однос на набавка на системи за наводнување капка по капка , се појавија набавки на заштитни мрежи од град и сончева радијација како и ископи на бунари. Значи постепено нашите земјоделски производители приметуваат каде треба да се обратат и во кои сегменти им се потребни тие средства, вели Стојан Глигоров – АПРЗ – регионален центар Струмица
Најголемиот дел од апликациите кои пристигале за овој повик се од индивидуалните земјоделски стопанства, но сепак застапени се и земјоделските задруги, како и неколку правни лица кои аплицираат за поголеми инвестиции како што производство на хумус и хидроелектрана. За разлика од преходните повици кога кофинансирањето беше 50%, со Ипард 2 програмата тоа е зголемено на 60%.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар