Голем експеримент: Игрите кои ги игравме на Виндоус криеле голема тајна
Мајкрософт игрите всушност, наменети биле за луѓето што побрзо да научат да работат на компјутер
Олд скул игрите на Виндоус постоеле не само поради тоа што се лесни за програмирање. На пример, според Менталфлос, Солитер и Минското поле се направени така што ќе помогнат на играчот да ги совлада основните компјутерски вештини за да може што полесно да ги користи персоналните компјутери во иднина. Солитер (1990-та), освен што е игра со еден играч, помогнала на корисниците да научат да користат маус, особено „drag and drop“ операцијата.
Минското поле (Minesweeper) е развиена во 1992-ра и се игра исто така со маус, а е наменета за совладувањето на левиот и десниот клик. Лев клик на погрешно место и „бум“! Со излегувањето на Виндоус 8, овие игри веќе небеа дел од стандардните прилагодувања, туку беа достапни за симнување. Увидувајќи си ја грешката, Мајкрософт го враќаат Солитер на Виндоус 10.
Во оригиналната 4-ка на Виндоус игри може да се најде и Hearts, која што исто така е игра со карти. Но, нејзината намена е комуникацијата со останатите играчи (фиктивни), за да може корисниците да се навикнат на подоцнежните компјутерски интеракции со останатите корисници.
Фри Сел (Free Cell) првпат се појавила на Виндоус 3.1 во пакетот Win32s што дозволувал 32-битни апликации да се користат на 16-битниот Виндоус. Можеби оваа игра немала некоја намена за корисниците, но била особено важна за натамошниот развој на софтверот.
Ново на Сител
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата