Македонија
2. September 2019 - 15:47

Голем број жители на Делчево со стомачни тегоби

Голем број жители на Делчево во изминатиот период се пожалиле на стомачни тегоби, повраќање и дијареја.

Како превентива за заштита од ваквата појава, матичните лекари советуваат да се избегнува престој надвор кога е најтопло, како и хидрирање со исправна вода за пиење, електролитна терапија и соодветна исхрана.

-Има зголемен број сограѓани со симптоматологија од гастроинтестинален тракт, повраќање, дијареја, како и непријатност во стомакот. Затоа се препорачува да се внесува вода која е бактериолошки исправна. Водата што се консумира не треба да биде од бунари и чешми за кои нема податок за исправност на вода и да се избегнување престој надвор во најтоплите часови без посериозна потреба, велат матичните лекари и вработените во Итна медицинска помош.

За да се спречи дехидрирање, како најдобар лек за ваквата состојба, додаваат дека најдобро е да се пие вода до два питри дневно.

-Хидрирањето е лек за летото и затоа внес на вода до два литри е неопходност во летните месеци. Секако кон превенцијата спаѓа и редовното земање на хроничната терапија, додаваат делчевските лекари.

Пациентите кои се пожалиле на стомачен вирус се од најразлична возраст, а како најчеста причина се посочува пиењето вода од бактериолошки неисправни извори на вода.