Голем број пожари во јужна Италија се предизвикани од пиромани
Јужна Италија е зафатена од шумски пожари, а според Земјоделскиот синдикат Колдирети и локалните жители, поголем број од пожарите се предизвикани од пиромани.
Според Колдирети дека 60 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки фактор. Локалните жители во Калабрија изјавија дека за пожарите се одговорни несмасните земјоделци.
Претседателот на Калабрија, Роберто Очиуто изјави дека човечкиот фактор предизвикал 80 отсто од шумските пожари во регионот.
Тој додаде дека минатата година во Калабрија биле приведени 22 пиромани, а годинава уште неколку.
Регионалните власти во обид да спречат такво однесување воведоа беспилотни летала кои ја скенираат територијата за да откријат евентуални подметнувачи на пожари.
Во 2000 година, Италија воведе закон со кој се забранува секаква градба на неодамна изгореното земјиште за да се спречат подметнувачите да купуваат евтино изгорено земјиште.
Ново на Сител
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
-

Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години
-

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг
-

Се скарале на работа: Ром пријавил претпоставен Албанец за „Циган“, тој му возвратил со „Шиптар“, но не го пријавил
-

Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола
