-->
-->
Голден Стејт на чекор до титулата во НБА лигата
-->
Екипата на Голден Стејт ја оствари и третата победа против актуелниот првак Кливленд со што е на чекор до освојување на шампионскиот трофеј во НБА лигата.
Во интересен меч одигран ноќеска во Кливлен, актуелниот шампион во завршните 3:10.минути, а при водство од 113-107 не постигна ниту еден кош, па на противникот му дозволи да се радува на третата победа.
39-те поени 11.скокови и 9 асистенции на Леброн Џејм, како и 38 поени на Кајри Ирвинг се покажаа недоволни за „Кавси“ да го избегнат поразот.
Кај победничката екипа, Кевин Дурант реализира 31 поен, Клеј Томсон еден помалку, а Карји Ирвин оствари дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 скокови.
Првата шанса за освојување на шампионската титула „Воините“ ќе ја имаат на теренот на Кливленд веќе во сабота наутро во 3 часот по македонско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Левица во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена
-
Преглед на вестите од светот
-
Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Средба Сиљалновска Давкова - Радев: Можни се компромиси и исчекор за деблокирање на процесот
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија
-
Запрена истрагата против управителот на дискотеката „Пулс“