Бизнис
10. May 2018 - 8:39

Годишно изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе го одржи Годишното изборно собрание на кое треба да се  конституираат работните тела и да се назначи нов претседател.

Единствен предлог на членовите на Управниот одбор е Кирил Лазаров, сопственик и управител  на НИКОБ обезбедување.

Како што најавува Комората, на Собранието, покрај сегашниот претседател Зоре Темелковски, ќе се обрати и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Македонско-бугарската стопанска комора е формирана во 2011 година со цел унапредување на економските релации меѓу компаниите во двете земји.