-->
-->
Годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи годишната прес-конференција, позната и како „директна линија“, јави ДПА.
Прес-конференцијата ќе биде комбинирана со телевизиски пренос, при што граѓаните ќе можат телефонски да разговараат со претседателот.
Двата формати беа комбинирани за првпат во 2020 година, а трендот конечно се зацврсти минатата година.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека ова се случило бидејќи Путин нема многу слободно време. Путин го откажа настанот во 2022 година кога руските сили ја нападнаа Украина.
Според руски медиуми, повеќе од милион прашања од граѓаните веќе се упатени до Владимир Путин. Повеќето прашања се поврзани со конфликтот во Украина и здравството, рече Дмитриј Песков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија