Бизнис
3. April 2019 - 8:39

Годишна конференција „Фискални реформи за праведен раст“

По повод ден на Буџетот денеска во Собранието ќе се одржи годишна конференција на тема „Фискални реформи за праведен раст“.

Најавено е обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски и на евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерот Тевдовски, постојаниот претставник на ММФ за Србија и Северна Македонија, Себастијан Соса, менаџерот за макроекономија, трговија и инвестиции на Светска банка за Европа и Централна Азија, Галина Андронова и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Абдулменаф Беџети.