Годишен состанок на координатори на франкофонија од регионот
Годишен состанок на национални координатори на Франкофонијата од регионот на Централна и Источна Европа денеска ќе се одржи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во рамки на одбележувањето на „Месецот на франкофонијата“.

На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат владини претставници на Франкофонијата од Македонија, Албанија, Бугарија, Ерменија, Молдавија и Романија, како и претставници од министерствата за образование на овие држави.
Тие, како што е најавено, ќе разговараат за активностите во рамки на годишната агенда, која предвидува интензивирање на меѓусебната соработка.
Македонија од 2006 година е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата, организација во која членуваат 84 држави и влади.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
