Македонија
23. March 2017 - 8:35

Годишен состанок на координатори на франкофонија од регионот

Годишен состанок на национални координатори на Франкофонијата од регионот на Централна и Источна Европа денеска ќе се одржи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во рамки на одбележувањето на „Месецот на франкофонијата“.

На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат владини претставници на Франкофонијата од Македонија, Албанија, Бугарија, Ерменија, Молдавија и Романија, како и претставници од министерствата за образование на овие држави.

Тие, како што е најавено, ќе разговараат за активностите во рамки на годишната агенда, која предвидува интензивирање на меѓусебната соработка.

Македонија од 2006 година е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата, организација во која членуваат 84 држави и влади.