Годинава помалку дозволи за собирање шумски плодови поради априлскиот мраз
Помалку дозволи за собирање на шумски плодови во четирите општини од Тиквешијата издадоа годинава подружниците на “Македонски шуми” од Кавадарци и Демир Капија, во споредба со минатите години.
Како што информираше денеска Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во кавадаречката подружница “Бор”, причината лежи во априлскиот мраз поради кој измрзнаа голем дел од боровинките и другите шумски плодови.
-Годинава издадовме само десет, наспроти бројката од 130 до 150 дозволи во текот на минатите години. Ваков обезбедија само најупорните, оние кои сепак одлучија да ги приберат плодовите од шумските растенија кои куртулиле од мразот, нагласи Ристовски.
Директорот на демиркаписката подружница Јован Јованов потврди исто така дека помалиот број на дозволи за собирање на шумски плодови оваа година, се должи на мразот од месец април.
Една годишна дозвола чинеше 400 денари.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори