Годинава ајварот ќе биде луксуз
Секое невреме уништува дел од родот, а посевите и натаму се неосигурани. Во последните поплави настрада пиперот кој требаше да стаса за подготовка на зимницата во септмерви. Ајварот годинава ќе биде скапа инвестиција.
Според надлчежните, бројот на земјоделци кои го осигураа родот расте, но недоволно. За 50 отсто во споредба со лани има повеќе купено полиси. Ако лани за цела година имало 2.000, од почетокот на годинава до сега поднесени се 3.000 барања за уплата на полиса за осигурување на земјоделско земјште, а се очекува до 31 август до кога е рокот бројот дополнително да се зголеми. Но сепак има и такви кои сеуште не го заштитиле земјиштето. Имајќи ги предви глобалните климатски пормени, надлежните апелитаат и до нив , да уплатат за полиса зошто тоа во моментов е најдоброто решение, тие да го заштитат родот од надојдените води, обилните дождови и другите климатски промени, за да обезбедат пласман.
Инаку државата покрива повеќе од половина или 60 отсто од трошоците за полисата, останатите средства треба да ги обезбеди земјоделецот.
За решавање на проблемот со поплавите на долг рок, се градат и вештачки акумулации. Се работи и на браната на оризарска и коњнска река. Двете чинат 80 милиони евра, парите ќе бидат обезбедени од буџетот.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
