„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови
„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш
каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш...“
...се првите стихови од новата, полна со емоции, песна на дуетот на таткото и ќерката, Лазар и Елена Наумови, а насловена како Година по година.
Лазар и Елена, подолг период се присутни на нашата музичка сцена пред се како членови на групата „Бумбари“ од Штип каде со своите роднини имаат бројни настапи во Македонија и надвор од земјата. Имаат реализирано голем број студиски снимки како и настапи на фестивалските сцени. Лазар и Еленеа за прв пат снимаат дует песна и тоа со содржина во која е опишан вистински дел од нивниот живот, но ведно и животот на голем број наши семејства.
Автор на текстот и музиката е Ристо Самарџиев, кој во музиката и авторството е попознат и поприсутен во некои поинакви музички води, но според него музиката не познава жанрови, и таа се разликува само по квалитетот и се дели на посебна, добра и помалку добра.
Композицијата е снимена во Студиото на Цане Петров кој го изработи и аранжманот за оваа песна.
"Година по година" на силен и емотивен начин ја испраќа пораката дека сите кои плланираат да заминат или пак заминале од својата земја или од својот дом, да не го заборават гнездото во кое растеле и да не ги заборават своите корени.
Ново на Сител
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални
-
23 годишник силувал 11 годишно дете во Тетово
-
Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација, во случајот мито за молчење
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дрона и 20 ракети во првите три дена од 2025 година
-
Од денеска до вторник ЈСП со неделен возен ред