-->
-->
Година дена од смртта на малиот Раденко: Ако детето не е важно, што е тогаш во оваа држава
-->
Пред точно година, на 8. октомври почина 8-годишниот Раденко Никодиновиќ од Козјак кај Лозница. Момчето ја скршило раката и било примено во тамошната општа болница каде по укажаната помош не било задржано во болница, па починало од сепса во белградската болница.
Година дена подоцна се уште се чека комплетирање на наодите од стручните вештаци на Судскиот медицински одбор на Медицинскиот факултет во Нови Сад.
Никогаш потешка година
- Само родителите, Милан и Зорица и малата сестра Јана која е ученичка во второ одделение , знаат како им минувале деновите и колку сила им треба за да продолжат понатаму без својот Раденко. Годишнината од смртта на Раденко ја одбележале минатата недела како што обичаите налагаат, а сега се очекуваат извештаите од стручните вештаци кои ги побарала одбраната на осомничениот ортопед доктор Добривој Бојановиќ од Лозница.
Грешка на докторот
- Што да кажам, очекувам дека барем со тие извештаи ќе оди побрзо. Десет месеци тоа трае зар не можеа до сеа да завршат? Кога сето тоа се случи, сите велеа дека е пририоритет, па дури и од врвот на државата. Ако дете не е пририоритет, што е тогаш во оваа држава? Секој живот е вреден и човек во години, но дете од осум години кое го изгуби животот поради грешка на доктор, тоа е нешто друго. Вака, мојот Раденко го нема година дена, а тие се уште не успеале да ги завршат извештаите, вели Милан Никодиновиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор