-->
-->
Го викнал пред капија и го нападнал: Кавадарчанец со метална шипка претепа старец (70)
-->
Триесет и шестгодишен кавадарчанец со метална шипка претепал 70-годишен сограѓанин, синоќа околу дваесет часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Четворица кавадарчани Д.С. заедно со неговата сопруга С.С. и соседите Ѓ.Д. и П.Д. синоќа седеле во двор во Кавадарци. Во тој момент дошло лицето П.П. (36) кое живее на соседната улица и го викнало лицето Ѓ.Д. (70) да излезе надвор.
- Откако седумдесетгодишникот се доближил до него, П.П. извадил од зад грб метална шипка со која повеќе пати го удрил во пределот на главата и телото. Притоа му нанел тешки телесни повреди, соопшти Додевски.
Поради карактерот на повредите, повредениот Ѓ.Д. од ЈЗУ Општа болница - Кавадарци е пренесен на лекување во Ургентен центар во Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна