-->
-->
Го спасиле животот на чуче кое умирало од глад, проблемот е што тоа не било куче!
-->

Ова куче го пронашла жена во Калифорнија. Животното изгледало застрашувачки па на жената и било страв да му пријде. Наместо тоа, испратила фотогафии на хуманитарните организации за кучиња.
Било очигледно дека животното е болно и напуштено, но најчудната работа со ова куче била неговата раса.

Ова куче нема чиста раса. Тоа е мешавина од куче и волк. Волонтерите на организацијата никогаш претходно не виделе вакво нешто, но сепак не се двоумеле да му помогнат. Веднаш штом стигнале на лице место, волкот пробал да побегне. Состојбата била премногу сериозна, бидејќи животното изгледало многу лошо.

Еден волонтер се присетува:
"Имаше силна инфекција и воспаление на телото. Многу крвареше, гној излегуваше од нејзините рани, а беше само коски и кожа под крзното."
Дури и нозете на животното биле потечени.

Волкот-куче по се изгледа дека претходно имал сопственик. Доказ за тоа било јажето кое било врзано околу неговиот врат. Јасно е дека имала семејство, но тогаш била напуштена. Волкот, кој го добил името Јулија, бил смртно преплашен од луѓе. По многу време откако и давале да јаде и се грижеле за нејзината здравствена состојба, волонтерите успеале да ја придобијат нејзината доверба.
Откако ја донеле во прифатилиштето, Јулија е избањата и медицински третирана. Имала многубројни рани, а контактот со вода и бил многу болен, сепак таа останала мирна и храбра.

За Јулија ова бил прв контакт со луѓето откако била напуштена. Волонтерите ја покриле и ставиле во кревет каде најпосле можела да спие мирно.

Сепак таа и покрај заздравувањето, сеуште е болна и ќе и треба уште многу време за да заздраве целосно. Едвај може да јаде а нејзиниот имунолошки систем е многу слаб. Нејзините психолошки рани се многу длабоки. Сепак таа секој ден се повеќе се однесува како нормално куче. Кога потполно ќе заздрави од повредите, ќе замине во друго прифатилиште каде се наоѓаат други животни кои се мешавина на волк и куче.
Таа е спасена во последниот момент од смртта. Кучињата-волци се многу ретки и луѓето не знаат многу за нив. Имаат различни потреби од кучињата и нивните сопственици не секогаш знаат како да се справат со нив па ги напуштаат.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
