Го следеле до неговата куќа, го фатиле за врат и го ограбиле - тешка кражба во Кочани
Две непознати лица вчера околу 17 часот извршиле разбојништво над И.Д.(44), при што од џебот од јакната му одзеле 120.000 денари. Имено, додека И.Д се движел, забележал дека бил следен, а кога пристигнал пред својата куќа, едно лице од зад грб му ставило рака на устата, а со другата го фатил за врат, додека друго лице почнало да му пребарува по џебовите. Во моментот кога му ги одзеле парите, од дворот излегла неговата сопруга, која почнала да вика, по што лицата избегале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Полициска службеничка била физички нападаната од Г.Ј. (33) нападната вчера околу 14 часот во Кочани, улица „ВМРО“ на местото викано „Триаголник“, додека извршувала безнбедносни обврски. Тој прво почнал да ја омаловажува, а потоа ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда. Лицето е приведено во Полициска станица Кочани и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари