Македонија
27. August 2016 - 11:52

Го прославиле опоравувањето од труење со храна - со ново труење

Домаќинката Азије Ердал и нејзиниот сопруг Алатин на своето семејство и пријатели им приредиле вистинска гозба за да го прослават опоравувањето после тешко труење со храна, по што завршиле во болница поради ново труење.

Ова турско семејство, во провинцијата Текирдаг, за своите дваесетина гости послужило месо од жртвувани животни во знак на благодарност до Господ што им помогнал да се опорават од тешкото труење со храна, но наместо тоа колективно завршиле во болница. Овој пат труењето било толку сериозно, што четири лица се уште се наоѓаат на одделот за интензивна нега.

- Не сфаќам што се случува!. Прво се отрувме, а потоа жртвувавме животно на Господ, па повторно се отрувме. И ние и нашите соседи. Господ нека ни помогне да се опоравиме. Ова труење стана наш најголем кошмар, изјави за Анадолија главата на четиричленото семејство Алатин Ердел, кој беше пуштен од болница после една недела.

Семејството претходно имало труење со храна, оквалификувано како многу тешко, поради што минале во болница една недела, а откако изеле јадење кое го подготвила Азије.