Македонија
2. December 2017 - 11:50

Го препознал дека е странец и го ограбил - фатен крадецот што измами Шпанец во Трубарево

Секторот за внатрешни работи Скопје  до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје со кривична пријава го предаде лицето Ј.Н.(20) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил едно кривично дело “разбојничка кражба“, предвидено и казниво согласно чл.238 од КЗ на РМ, со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.

Пријавениот разбојничката кражба ја извршил на 23.11.2017 година околу 11,00 часот на локалниот пат во село Трубарево-Маџари врз 43- годишно лице од Билбао, Шпанија. Имено, на главниот пат во село Трубарево-Маџари

пријавениот го сретнал оштетениот, кој се движел пеш во насока од аеродром Александар Велики кон Скопје и бидејќи го препознал дека е странец му пришол и го прашал од каде е. Потоа пријавениот му го побарал мобилниот телефон марка LG so шпанска сим картичка за да се јави на негов пријател. Оштетениот го дал телефонот, но се сетил дека е во роаминг и повикот ќе биде скап, по што го побарал телефонот назад. Бидејќи Ј.Н. не сакал да го врати телефонот, оштетениот се обидел да си го земе, но Ј.Н. со десната рака го удрил во гради и избегал кон с.Трубарево.

Оштетениот настанот го пријавил во Полициска станица Гази Баба, по што е известен дежурен Јавен обвинител. По преземени мерки и активности во насока на расчистување на случајот, на 30.11.2017 година во просториите на Полициска станица Гази Баба, во присуство на Јавен обвинител е извршено препознавање од страна на оштетениот, при што го препозна Ј.Н. како извршител на кривичното дело.

Ново на Сител