Бизарно но вистинито
9. March 2016 - 21:09

Го откопала гробот на својата сестра и дознала страотна вистина за нејзе!

Многу луѓе стравуваат од тоа да бидат живи закопани. Будењето во гробот, е смртна пресуда. Но има луѓе кои успеале да преживеат таква страотна ситуација.

Филомел Јонетра

24-годишна Французинка, заболела од колера во 1867 година. Боледувала неколку дена откако свештеникот ја прогласил за мртва. Гробарите ја слушнале по 6 часа тропање од гробот. Го ископале гробот и повикале лекар за да утврдат дека нејзиното срце сеуште чука, а свежите рани на рацете го докажале тропањето во внатрешноста на ковчегот. Успеале да ја одржат во живот уште еден ден, а потоа починала. Не е точно утврдено дали починала од колера или од шокот кој го доживеала.

Човек од Фераз Де Васцонцелоса

Навистина вознемирувачка сцена дочекала во 2013 година жена од Сао Паоло која дошла на гробиштата за да ги посети гробовите на своите родители. Недалеку од местото каде биле погребани нејзините родители, од гробот излегувал човек. Веќе ги имало ослободено главата и рацете, па пробувал да излезе со остатокот од телото. На местото набрзо стигнале спасувачи кои му помогнале по што бил пренесен во болница. Утврдено е дека тој учествувал во тепачка, мислеле дека е до смрт претепан па го погребале. Неговиот внук по одредено време раскажал дека по таа случка тој имал сериозни психички проблеми.

Бебе од Донгдонг
 
Бремената Лу Ксиајун живеела во руралниот дел на Кина и немала потребна медицинка нега. Сите мислеле дека таа е само четврти месец бремена кога добила болки. Кога се породила бебето не плачело, па помислиле дека девојчето е мртво. Но, сопругот, односно таткото на детето сфатил дека на Лу и е потребна медицинска нега, па повикал Брза помош која ја однела жената во болница каде утврдиле дека е во седмиот месец од бременоста. За тоа време неговата мајка го закопала бебето. Откако докторите го прашале како можеле толку брзо да го закопаат детето без соодветни проверки за спасување, тој веднаш заминал кон куќата и го откопал детето. Открил дека детето е живо. Бебето и мајката во болница минале само три дена, бидејќи немале пари за подолг престој. откак осе проширила веста, стигнале голем број на донации кои им овозможиле понатамошно лекување.
 
Наталија Пастернак
 
Наталија Пастернак од Сибир често одела во шумата на прошетка со своето куче. еден ден ја нападнала мечка, а како резултат на тоа ја загубила свеста. Мислејќи дека е мртва, мечката ја закопала за да го зачува својот плен. За среќа, дошле ловџии кои ја убиле мечката и ја спасиле девојката. таа подоцна изјавила дека нејзиното искуство и дало нов живот.
 
Еси Дунбар
 
Во 1915 година, Еси Дунбар живеела во јужна Калифорнија. кога имала 30 години, таа се здобила со навидум фатален ептилептичен напад. Лекарите ја прогласиле за мртва и ја подготвиле за погреб. Нејзината сестра сакал да присуствува на погребот, па истиот бил одложен за еден ден. Но, сепак погребот започнал пред сестраи да стигне. Само што ја закопале, пристигнала сестрата која ги молела гробарите да ја откопаат за да ја види. Кога го подигнале и отвориле ковчегот Еси станала и се насмевнала на сестра и. Сите биле во паника и побегнале, мислејќи дека е дух. Со години после тоа многумина мислеле дека таа е всушност зомби. Починала во 1962 година.