Го киднапирале пред домот: Му ставиле вреќа на глава, го претепале, а потоа го фрлиле
Дваесетгодишно момче од селото Батинци, вчера околу 22.20 часот, било киднапирано во близина на домот на неговиот дедо во селото Љубош.
Според неговиот дедо кој случајот го пријавил во полиција, откако неговиот внук излегол од куќата, на одалеченост од околу 50 метри застанало комбе, од кое излегле неколку лица и му ставиле вреќa на главата, го ставиле во возилото и заминале.
По некое време киднапираното момче се разбудило на местото викано „Ќупријан“-с.Батинци, повреден.
- Истиот пеш се упатил кон својот дом околу 23,40 часот. Од страна на неговата тетка со која живеел била повикана итна медицинска помош при што лицето било однесено во Ургентниот центар во Скопје, за потоа истиот биде препратен во Градската општа болница„ 8-ми Септември“, каде му е укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а за настанот бил запознат и Јавен обвинител, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт