-->
-->
ГН Мексико: Пол позиција за светскиот првак
-->
Луис Хамилтон ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Мексико. Трката на петеката „Ерманос Родригес“, од втората позиција ќе ја започне лидерот во генералниот пласман, Нико Розберг.
Хамилтон на патеката во Мексико доминацијата на слободните тренинзи ја потврди и во квалификациите, неговиот најбрз круг изнесуваше 1:18.704 минути.
Розберг кој од почетокот на квалификациите с наоѓаше помеѓу четвртото и шестото место, во својот последен летечки круг стигна до втората позиција.
Инаку, доколку 19-та трка во шампионатот Розберг ја заврши со триумф, а Хамилтон не освои бодови, тогаш Германецот ќе ја прослави својата прва титулата светски првак.
Вториот ред во Мексико го освоија пилотите на Ред Бул Верстапен и Рикардо. Хулкенберг од Форс Индија е петти, потоа следуваат возачите на Ферари Раиконен и Фетел, па пилотите на Вилијамс Ботас и Маса, а како десетти ќе стартува Саинц јуниор од Торо Росо.
Трката за Големата награда на Мексико ќе се вози в недела од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот заем
-
Во Собранието одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи
-
Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила
-
Хезболах ја ракетираше израелската воена разузнавачка база Глилот, во близина на Тел Авив
-
Русите го кренаа степенот на подготвеност на лансирните системи што можат да носат нуклеарно оружје
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, сончево преку ден
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка