-->
-->
ГН Кина: Првата стартна позиција за Ферари
-->
Продолжува доминацијата на Ферари во новиот шампионат од Формула 1 откако возачите на оваа екипа ги запоседнаа првите две стартни места за утрешната трка од ГН на Кина во Шангај. Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата.. Успешните квалификации за Ферари ги потврди Кими Раиконен со освојувањето на второто место.
Скудерија Ферари, слично како и минатата недела во Бахреин, ќе стартува од првите две позиции, односно ќе биде пред конкурентот Мерцедес.
Фетел, во последниот круг и во последниот сектор успеа да ја освои пол-позицијата. До втората пол-позиција сезонава, вкупно 52.во кариерата Германецот дојде со време 1:31.095 минути.Раиконен зад клупскиот колега имаше послаб резултат за само 0,087 секунди.
Возачите на Мерцедес имаа послабо време за нешто повеќе од половина секунда во однос на Фетел,а одново изненадува лошиот резултат на Хамилтон, кој доминираше на вчерашните тренинзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење