Глобална анкета/ИЛО: Секое шесто младо лице загубило работа за време на пандемијата

Еден од шест млади вработени го загубил своето работно место за време на пандемијата на коронавирусот, покажа анкета на Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
Телото на ОН со седиште во Женева утврдило и дека кризата предизвикана од Ковид-19 ги намалува шансите на младите луѓе да влезат на пазарот на трудот. Десет проценти од студентите очекуваат дека нема да можат да го завршат школувањето, а половина се со став дека нивното учење ќе биде одложено.
„Ова предизвикува голема загриженост за состојбата на младите луѓе“, рече генералниот директор на ИЛО, Гај Рајдер, на брифинг за медиуми, осврнувајќи се на „генерацијата карантин“ што ќе се соочи со пониски плати и поголема невработеност во наредните години.
Повеќе од 11.000 испитаници на возраст меѓу 18 и 29 години учествуваа во истражувањето.
ИЛО истакнува дека глобалната невработеност кај младите беше 13,6 проценти минатата година и пред корона-кризата, повеќе отколку пред глобалната финансиска криза во 2008 година.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
