Македонија
13. January 2021 - 17:10

Глобал се расчистува - Познати ли се причините за пожарот?

Завршува расчистувањето на Глобал. 370 тони најразличен отпад исфрлија екипите на Комуналец од опожарениот трговски центар во Струмица. Најголемиот дел од отпадот е од приземјето и градскиот пазар во кои имаше и најмногу опожарени тезги и дуќани. Според најавите од од утре  следува  перење на просторот со специјална машина и дезинфекција со цел  подготовка за негова обнова.

Од истрагата не соопштуваат нови информации за причините поради кои наста пожарот нема. Од обвинителството само повторија дека работат интензивно на расчистување на случајот. Во меѓувреме,  сопствениците добија можност да влезат во нивните објекти и да ги евидентираат штетите, но за сега не е познато дали и кога ќе понат со работа дуќаните кои не беа зафатени со пожарот.