Global Game Jam од 29 до 31 јануари во Скопје, Битола и Охрид
Скопје, Битола и Охрид од 29 до 31 јануари годинава ќе бидат дел од најголемиот интернационален настан за креирање игри Global Game Jam.
Global Game Jam се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации во светот, како 48-часовен маратон со цел да ги обедини и поттикне на креативност, соработка и експериментирање сите ентузијасти, студенти, средношколци и професионалци од различни сфери кои прават или имаат желба да развијат игри.
Македонија се вклучи во Global Game Jam од 2013 година со локации во Скопје и Битола, а од оваа година е предвиден и Охрид. Oрганизиратор е Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА). Според организаторите, изминатите три години интересот за учество беше изненадувачки голем. На настанот се сретнаа речиси 600 учесници кои заедно креира игри, разменуваа знаење, остваруваа контакти, се дружеа и играа. Досега се создадени 77 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.
Global Game Jam годинава во Македонија ќе се одржи во просториите на Seavus Инкубаторот во Скопје и на ФИКТ во Битола. За учесниците се обезбедени непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, рекреација и одмор. Во текот на работата, ментори од Seavus студиото за развивање игри и од Matrix Global – TabTale ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.
Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на веб-страницата http://gamejam.
Зад Global Game Jam која лани се одржа на 518 локации во 78 земји и беа создадени преку 5.400 игри, стои Меѓународната асоцијација на развивачи/креирачи на игри (IGDA).
Ново на Сител
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
-
Приведен 25-годишник од Штип, бил баран со потерница поради бегство од затвор
-
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
-
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“
-
Зеленски: Русија на Велигден изврши 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина
-
Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците
-
Прегазен малолетник во Делчево