Главоболката може да биде фатална: Местото што ве боли открива детали за вашето здравје
Понекогаш не е тешко да се погоди зошто се јавила главоболка, кога се работи за пијанство или недостиг на сон. Но понекогаш навистина е тешко да се открие зошто боли главата и зошто токму на одредено место.
Во зависност од тоа каде се јавува, може да станува збор за сериозен здравствен проблем. Силната главоболка се јавува како „од ведро небо“ и постигнува максимален интензитет за неколку секунди. Тоа може да биде показател за низа здравствени проблеми, вклучувајќи и крвавење поради излив на крвта во мозокот, што е опасно по живот.
Ако главоболката ви се јавува рано наутро, би требало да одите на лекар, бидејќи може да се работи за тумор на мозокот, апнеа, многу висок крвен притисок… Исто така, треба да побарате лекарска помош ако заедно со главоболката имате промени во видот, проблеми со дигестивниот систем, промени во расположението, но и напнатост во вратот или раздразливост.
Главоболките се разликуваат и по местото и по болката, а ова се најчестите:
1. Се јавува во една половина од главата
Се работи за мигрена која не е опасна главоболка, но е многу напорна за оние кои страдаат од неа, бидејќи може да трае до 72 часа. Ќе ја препознаете по пулсирачката болка со умерен или силен интензитет, а некогаш се јавува и мачнина и пречувствителност на бучава и светлина. Важно е да земете апче против болки веднаш по појавата на првите симптоми и да мирувате во мрачна и тивка соба.
2. Чувствувате како некој да ви ја притиска главата
Се работи за тензична главоболка која настанува постепено и достигнува среден интензитет на болка, а чувството е како некој да ви ја стега главата со обрач. Најчесто се јавува поради стрес и добро е да отспиете малку во таков случај.
3. Болка на едната страна од лицето, отечен капак
Се работи за „кластер“ главоболка која е силна и трае во циклуси од две недели до еден месец. Се јавува во одреден период од годината, а може да помине и година помеѓу два напада. За време на нејзиното траење, болката се јавува речиси секој ден и тоа во истиот период од денот или ноќта и трае помеѓу половина час и три часа.Оние кои страдаат од ваквата главоболка забележале дека им е подобро кога се движат, за разлика од оние со мигрена кои мораат да мируваат. Болката се јавува на едната страна на главата и обично на тој дел од лицето се затнува ноздрата, капакот отекува, окото е црвено, а лицето и челото се потат. Овој вид главоболки е пет пати почест кај мажите.
4. Болка во челото
Во овој случај се работи за главоболка предизвикана од воспаление на синуси. Болката може да се чувствува и на јагодиците. Ќе помогне инхалација и туширање со топла вода (поради пареата што се вдишува).
5. Болка во задниот дел на главата (кај вратот) и на темето
Овој вид главоболка се јавува поради проблеми со половината и вратот. На пример, може да се јави ако седите подолго време. Истегнете се малку, излезете на свеж воздух…
6. Болка на слепоочниците
Се јавува кога некој има нарушување на виличниот зглоб и предизвикува тензична главоболка. Покрај болку во слепоочниците, се јавуваат и болки во увото, лицето, потешкотии при отворање и затворање уста, а се слуша и тропкање кога се движи вилицата. Во такви случаи, важно е да одите на лекар.
7.Водење дневник на главоболки
Експертите велат дека добро е да водите дневник на главоболки, на пример, колку често се јавуваат, во кое време, каде ве боли, колку траат, кои активности или храна, пијалаци им претходеле на главоболките и слично. Врз основа на овие забелешки, на лекарот ќе му биде полесно да дијагностицира за што се работи.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница