Главниот обвинител на Бразил побара истрага за претседателката Дилма Русеф поради обвинувања за корупција

Главниот обвинител на Бразил Родриго Жано побара од Врховниот суд да дозволи почеток на истрага против претседателката на државата Дилма Русеф поради обвинувања за корупција во државната нафтена компанија Петробраз, јави локалната телевизија Глобо.
Одлуката на обвинителот се заснова најмногу на изјави на сенаторот Делсидио Амарал од владејачката партија кој лани беше приведен заради корупција и се согласи да соработува со истрагата во замена за намалување на евентуална пресуда.
Според Амарал, Русеф се обидувала трипати да се вмеша во истрагата за корупциската афера во Петробраз.
Сенаторот потврдил и дека поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва предлагал да му се плати на поранешниот шеф на Петробраз, Нестор Серверо за да не дава изјави против други учесници во криминалната шема.
Ново на Сител
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
-

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
