Џет-Сет
12. August 2016 - 15:53

Главната ѕвезда на „Криминални умови“ дивееше на снимањето

Томас Гибсон, вечно сериозниот агент Хочнер од серијата на главни актери во серијата „Криминални умови“, е суспендиран откако нокаутирал еден од продуцентите на серијата. Нападот се случил за време на снимањето на популарната серија.

- Дојде до мали несогласувања и мене навистина ми е многу жал  што се случи. Се обидуваме да работиме како екипа, серијата да ја направиме што подобра. Секогаш тоа сме го правеле и секогаш ќе го правиме, напиша во соопштенето кое го пренесува Дедлаин.

Поради инцидентот тој е суспендиран две епизоди, а казнет е и со забрана за режирање на една епизода во следната сезона.

Моментално се снима 12-тата сезона на „Криминални умови“.