Гласната музика во угостителските објекти се казнува до 1.000 евра

Секторот за внатрешни работи – Тетово упатува апел до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи.
Тетовската полиција потсетува дека казната за ваквиот вид прекршок се движи од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност според член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
– Ова најмногу се однесува на објектите што се наоѓаат во приземјата на станбените згради летово, посебно во текот на овој месец. Во вечерните часови во Полошкиот регион присутна е зголемена раздвиженост во угостителските објекти, најмногу во кафулињата и во дискотеките. Во овие објекти секојдневно се организираат различни забави и друг вид дружби, неретко проследени со гласна музика што ги вознемирува другите граѓани, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти, објаснува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира угостителите да не дозволуваат престој на малолетници во објектите по 24 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
