Македонија
11. December 2016 - 9:08

Гласањето во Беровско без проблеми

Во Општина Берово сите 16 избирачки места се отворени навреме, а гласањето се одвива без проблеми, информира претстедателот на ОИК во Берово, Мишо Догазански.

- Избирачките места кои се вкупно 16 од кои 7 во градот Берово, а 9 во населените места се отворени точно во 7 часот. Изборниот процес се одвива без проблеми, истакна Догазански.

Во Берово вчера гласале 124 болни и изнемоштени и 5 затвореници. Инаку во Берово се запишани 11.194 гласачи на Избирачкиот список со право на глас.