Гласањето Могила и Новаци без проблеми
Граѓаните од општините Могила и Новаци кои избираат кандидати за пратеници од Изборна единица 4 утрово точно во 7 часот почнаа да го остваруваат своето демократско право на глас.
Од ОИК-Могила информираат дека до 10 часот гласале 5,78 насто од 5.455 граѓани што имаат право на глас.
- Гласањето се одвива без пречки и непречено на 23 избирачки места, поврди претседателот на општинската изборна комисија во општина Могила, Славко Велевски.
Во споредба со општина Могила, во соседната општина Новаци во првите три часа има поголем одзив на гласачките места и досега гласале 13 насто од 2.985 граѓани регистрирани во единствениот избирачки список.
- Граѓаните почнаа да гласаат од 7 часот утрово кога беа отворени 24-те гласачки места. Изборниот процес се одвива демократски, посочи претседателот на ОИК- Новаци, Стевче Стевановски.
Ново на Сител
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година