Гладта една од најголемите закани за светскиот мир, предупреди папата

Гладта и сиромаштијата се најголеми закани за светскиот мир и тие не можат да се сфатат само како последица на судбината, изјави поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој денеска прв пат ја посети Светската програма за храна на Обединетите нации, чие седиште е во Рим.
- Гладта е една од најголемите закани за мирот во нашиот свет. Ние не можеме да се задоволиме само со жалењето поради неа или со научни истражувања. Против неа треба решително да дејствуваме со цел што е можно поскоро да ја уништиме, рече папата во седиштето на Програмата во Рим, јави ДПА.
- Фактот дека толку многу луѓе гладуваат не може да се прифати како нешто нормално. Не можеме едноставно да кажеме дека нивната ситуација е резултат на слепата судбина и оти ништо не може да се направи, истакна папата.
Тој ги предупреди вработените во Светската програма за храна дека треба да се однесуваат кон лицата кои патат од глад, не како кон статистички бројки, туку како кон човечки трагедии.
- Постои опасност да ги бирократизираме страдањата на луѓето. Бирократијата се префрла на хартија, а кон луѓето треба да се однесуваме со сочувство, додаде папата.
- Парадоксално е тоа што храната не може да стигне до луѓето кои страдаат од глад, поради војни, но оружјето успева да стигне до нив. За доставување на помошта има препреки, но трговијата со оружје се одвива непречено, потенцира тој.
- Со тоа се хранат војните, а не луѓето, а во некои случаи гладта се користи како оружје во војната, додаде папата.
Според него друг парадокс е тоа што многу луѓе продолжуваат да гладуваат и покрај глобалниот вишок и фрлањето храна во западните земји.
Според податоците на ОН бројот на луѓето кои страдаат од глад во земјите во развој се намалил од 23 отсто во 1990-1992 година на 12 отсто во 2014-2016 година.
Меѓународната заедница си постави цел тој процент да изнесува нула во 2030 година.
Ново на Сител
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-

Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови
-

Со заработка од 977 милиони долари филмот за Мајкл Џексон е најпрофитабилен биографски филм на сите времиња
-

Matto Napoletano е меѓу 20-те најдобри пицерии во Европа - најдобра рангирана пицерија на Балканот
