Ѓурѓовден одбележан во тетовските села Туденце и Мала Речица
Во Тетовско денешниот православен празник Свети Великомаченик Георгиј Победоносец се одбележа со црковно-народни собири во црквите со името на светецот кои се наоѓаат во Мала Речица и Туденце. Во манастирската црква во Мала Речица, по повод Ѓурѓовден, света литургија одржа митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.
- Карактеристика на празнувањето во манастирската црква Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Мала Речица е тоа што на денот на славата се бираат нови кумови, од 18 до 21 на број кои до наредната година се грижат за храмот. По обновата и осветувањето, минатите години се изгради конакот и летниковецот. За наредната година во план е да се догради летна кујна со скара, патека и катче за деца. При крај е фрескоживописувањето во внатрешноста на црквата, како и дел за палење на свеќи, изјави Миле Стефановски од црковниот одбор.
Во манастирската црква Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Туденце богослужба отслужи отец Жарко Мицковски, а за присутните верници беше подготвен празничен ручек. Свој настап имаа и културно-уметничките друштва „Брвеница“ и „Извор“ од Јегуновце.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025