Ѓурчиновски – Лазаревиќ: Армиите на Северна Македонија и Црна Гора посветени кон зајакнување на безбедноста на регионот
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска оствари средба со началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Зоран Лазаревиќ, на која ја потврдија посветеноста на двете армии кон зајакнување на безбедноста на регионот.
– По приемот со високи воени почести, генералите Ѓурчиновски и Лазаревиќ, разговараа за повеќе прашања меѓу кои: збогатување на постоечката билатерална воена соработка во областа на обуката и военото образование, како и можностите за нови облици на соработка преку заедничко изведување на обука и користење на капацитетите, информираат од Генералштабот на Армијата.
Генералите Ѓурчиновски и Лазаревиќ, истакнувајќи ја одличната досегашната билатерална воена соработка, ја потврдија својата посветеност да продолжат да се ангажираат во подобрување на безбедноста во регионот преку зајакнување на своите капацитети за одбрана и одвраќање.
Генералот Ѓурчиновски истакнал дека е особено задоволен што на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, почнувајќи од 2010 година во континуитет се школуваат црногорски питомци кои стекнатото знаење успешно го применуваат во својата кариера во војската на Црна Гора.
Ново на Сител
-
Не го чувајте чоколадото во фрижидер
-
Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели
-
ЦУК: 1.643 повици на 112
-
Спасен пливач од Дојранското Езеро
-
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени